Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Џесика Алба е модерна мајка за „In Style“

ФОТО: Џесика Алба е модерна мајка за „In Style“

Џесика Алба е мајка со стил во фотосесијата за списанието „In Style“. 31-годишната актерка позираше за февруарското издание на списанието.

Џесика Алба

Речиси на сите фотографии Алба е опкружена со детски играчки, а на една позира во кујна заедно со двете ќеркички – Хонор и Хевен.

Џесика Алба

Во интервјуто за списанието, Џесика зборувала за силната врска која ја има со сопругот Кеш Ворен, за промената на стилот и она што научила од мајчинството.

За сопругот: „Уште кога го запознав, знаев дека ќе го познавам цел живот. Беше чудно, веднаш го почувствував како семејство. Беше многу лесно. Никогаш нема да се почувствувам така за некој друг... Се разбираме. Ние сме сродни души.“

Џесика Алба Џесика Алба

За лекциите од мајчинството: „Пред да имам деца, бев многу одговорна и сериозна. Постојано ја контролирав својата околина, сè мораше да биде како што треба. Сега мојата идеја за совршенство е поразлична. Можеш да имаш место за сè, но кога децата ќе влезат да играат, не можеш да речеш: Не може да цртаме затоа што не знам како ќе исчистам подоцна.“

Џесика Алба

За стилот на облекување: „Мојот стил е поавантуристички откако станав мајка. Во минатото бев во униформа од хеланки и џемпер. Сега сум склона да испробувам храбри принтови, силни бои и различни кроеви. Никогаш не вели никогаш, но веројатно нема да носам многу кратки панталончиња.“

Џесика Алба

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11343 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.