Шанеј Грајмс се омажи во црн невестински фустан од минатогодишната колекција на Вера Ванг.


23-годишната ѕвезда од серијата „90210“ ја објави веста за бракот со моделот Џош Бич на Twitter и притоа објави фотографија од големиот ден.


Шанеј и Џош ја започнаа врската во пролетта 2012 година, а ја објавија својата свршувачка кон крајот на истата година.