Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Црно-зелената венчаница на Тина Тарнер

ФОТО: Црно-зелената венчаница на Тина Тарнер

За свадбениот ден Тина Тарнер им ја остави белата облека на гостинките. Додека сите дами носеле бела облека, 73-годишната музичка дива носела црно-зелена венчаница.

Свадбата на Тина и Ервин

Невообичаениот невестински фустан од зелена тафта и црн свилен тул, украсен со сваровски кристали, е дело на Џорџо Армани.

Во интервју за списанието Hello!, Тина открила дека за првпат го видела фустанот на ревија во Пекинг. „Си помислив: Морам да го имам, макар и никогаш да не го носам. А потоа си помислив: Знам, тоа ќе биде мојот невестински фустан“ – изјавила таа.

Тина Тарнер конечно му кажа „Да“ на Ервин Бах со кого е во врска веќе 27 години. Легендарната пејачка и германскиот продуцент стапиле во брак на брегот на Циришкото Езеро.

Повеќе од 200 гости, меѓу кои и Опра и Брајан Адамс, присуствувале на свадбената прослава во домот на младоженците.

Свадбата на Тина и Ервин Свадбата на Тина и Ервин Свадбата на Тина и Ервин Свадбата на Тина и Ервин

Ова е втор брак на славната изведувачка на хитовите „Simply the Best“, „River Deep, Mountain High“ и „What's Love Got to Do with It“. Во 1962 година Тина се омажи со Ајк Тарнер, кој постојано ја малтретираше физички за време на нивниот брак. Во 1976 таа поднесе документи за развод, а подоцна во своите мемоари го обелодени семејното насилство кое се случувало во нејзиниот дом.

Среќната невеста изјавила дека најпосле ја достигнала фазата во животот која ја нарекува „нирвана“. „Тоа е таа среќа за која зборуваат луѓето, кога не посакуваш ништо повеќе, кога конечно можеш да земеш воздух и да кажеш: Сè е добро. Прекрасно е да си на такво место“ – рекла Тарнер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11101 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.