Почетна » Новости » Музика » 10 хитови од музичката дива Тина Тарнер за нејзиниот 76. роденден

10 хитови од музичката дива Тина Тарнер за нејзиниот 76. роденден

Тина Тарнер, чие вистинско име е Ана Меј Булок, денес ќе го прослави својот 76. роденден. Талентираната пејачка која е позната по својот моќен глас и енергични сценски настапи, остави голем отпечаток во музичкиот свет и разбирливо е нарекувана „кралица на рокенролот“.

Својата кариера Тарнер ја започна во 50-тите години. Таа најпрво снимаше песни под името „Little Ann“ во групата „Kings of Rhythm“, чиј водечки вокал беше нејзиниот тогашен сопруг Ајк Тарнер.

Тина Тарнер

По разводот, таа продолжи со соло кариера која резултираше со огромен успех. Тина освојуваше срца низ светот со хитови како „Simply The Best“, „What’s Love Got To Do With It“ и популарната песна „Golden Eye“ снимена за еден од филмовите за Џејмс Бонд.

Тарнер е една од најуспешните музички ѕвезди. Таа се има закитено со 8 Греми награди, а според Rolling Stone, е еден од најдобрите пејачи на сите времиња.

Тина Тарнер

По повод роденденот на легендарната пејачка, уживајте во некои од нејзините најголеми хитови.

Simply The Best

Golden Eye

What’s Love Got To Do With It

Private Dancer

Let's Stay Together

We Don't Need Another Hero

I Don't Wanna Lose You

Typical Male

It's Only Love (with Bryan Adams)

Better Be Good To Me

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.