Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 78-годишната Тина Тарнер присуствуваше на ревијата на Армани неколку часа пред да дознае дека син ѝ се самоубил

78-годишната Тина Тарнер присуствуваше на ревијата на Армани неколку часа пред да дознае дека син ѝ се самоубил

Трагедија го потресе семејството на Тина Тарнер. Само неколку часа откако легендарната пејачка присуствуваше на ревијата на Армани во Париз, нејзиниот син Крег Рејнолдс Тарнер изврши самоубиство.

Тина со Роберта АрманиТина со Роберта Армани во Париз Тина Тарнер

59-годишниот Крег си го одзел животот со помош на огнено оружје во неговиот дом во Лос Анџелес.

Тина со КрегТина со Крег

Крег е дете на Тина од врската со музичарот Рејмонд Хил. Бидејќи кога се породила имала само 18 години, мајка ѝ ја избркала од дома заедно со бебето. Тогаш таа се преселила во домот на Ајк Тарнер со кого подоцна стапи во брак и кој законски го посвои Крег. (Рејмонд и Тина настапуваа заедно во бендот Kings of Rhythm предводен од Ајк).

КрегКрег

Бракот на Тина и Ајк беше обвиен во скандали, меѓу кои и континуирано семејно насилство.

78-годишната пејачка пред пет години стапи во брак со Ервин Бах со кого дотогаш беше во врска 27 години.

Тина со Ервин БахТина со Ервин Бах

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.