Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Исповед на Тина Тарнер: На првата свадба била принудена да гледа секс шоу, животот ѝ го спасил сегашниот сопруг донирајќи ѝ бубрег...

Исповед на Тина Тарнер: На првата свадба била принудена да гледа секс шоу, животот ѝ го спасил сегашниот сопруг донирајќи ѝ бубрег...

Тина Тарнер се отвори за својот љубовен живот и раскажа за тортурата која ја преживеала со поранешниот сопруг, како и за бескрајната љубезност на сегашниот партнер кој ѝ донирал еден од своите бубрези.

78-годишната кралицата на рокенролот за 10 дена ќе ја издаде својата нова биографска книга „My Love Story“ во која раскажува не само за нејзините подеми кон врвот во светот на музиката, туку и за нејзините падови додека се соочувала со физичко и ментално насилство од страна на нејзиниот сопруг и музички партнер Ајк Тарнер.

Во искрено интервју за The Mail, славната музичка дива зборуваше за посетата на бордел непосредно по свадбата, за самоубиството на нејзиниот син и за добивањето на бубрег од нејзиниот сегашен партнер.

Тина Тарнер

Тина и Ајк се запознале на крајот од 50-тите години во клуб каде Ајк настапувал со својот бенд Kings of Rhythm. Тој имал 25 години, таа 17. Пет години подоцна, на 22-годишна возраст, таа го кажала судбоносното „ДА“ во градот Тихуана, Мексико, без да знае дека само неколку часа подоцна ќе биде принудена да гледа секс во живо во бордел.

„Погодете каде ме однесе? Отидовме во бордел. На мојата свадбена ноќ.“

„Луѓето не можат ни да си замислат каков маж беше, маж кој ја води својата нова сопруга на порнографско секс шоу во живо непосредно по нивната свадбена церемонија.“

„Седев на тоа валкано место и го набљудував Ајк од аголот на моето око, прашувајќи се: Дали тој е навистина ваков? Како можеше? Беше одвратно... Се чувствував мизерно цело време, бев на работ да се расплачам, но немаше излез. не можевме да си заминеме додека Ајк не беше подготвен за тоа, а тој одлично си поминуваше.“

„Искуството беше толку вознемирувачко што го потиснав во мене, го пречкртав и на негово место создадов различно сценарио, фантазија за романтично бегство.“

Таа изјавила дека нивната свадбена „прослава“ не била ништо подобра.

Тина Тарнер Тина Тарнер

„На Ајк секогаш му беше сè смислено. Сигурно имаше сфатено дека Тихуана е најдоброто место за брза церемонија. Веројатно не беше ни легална. Но, немаше поента во тоа да прашуваш за неговите намери. Тоа само ќе го разлутеше и можеше да доведе до тепање. Дефинитивно не посакував да имам модро око на свадбениот ден.“

„Откако ја поминавме границата, возевме по едно калливо патче и пристигнавме... Во една мала, валкана канцеларија, маж турна документи кон мене за да ги потпишам и тоа беше тоа. Можеби немам големо искуство со свадби, но знам дека приликата требаше да биде емотивна и среќна. Ништо од тоа немаше на оваа свадба. Никој не рече: ‘Можеш да ја бакнеш невестата.’ Немаше здравици. Немаше честитки. Немаше желби за среќен живот. Колку и да беше лошо, она што следуваше, беше уште полошо. Додека Ајк беше во Тихуана, сакаше да се забавува, на негов начин.“

Тина и Ајк биле во брак 16 години, пред да се разведат. Тој ја изневерувал со многу жени во текот на годините поминати во брак, а и психички и физички ја малтретирал. Тина за првпат во својата книга признава дека имало момент кога се обидела да си го одземе животот за да ја прекине тортурата на Ајк.

Тина Тарнер

„Во најлошите моменти, се убедував себеси дека смртта е мојот единствен излез. Всушност се обидов и да се самоубијам. Отидов на доктор и му кажав дека имам проблеми со спиењето. По вечерата, ги испив сите 50 апчиња што ми ги даде. Бев несреќна кога се разбудив. Но, излегов од темнината верувајќи дека ми било судено да живеам“ – рекла Тарнер.

Таа собрала храброст да го напушти Ајк откако ја удрил затоа што се пожалила дека тој ѝ го извалкал белиот костум со чоколадо.

Тина Тарнер

За удирањето, Ајк во својата биографија имал напишано: „Точно е дека ја имам удрено Тина. Имаше случаи кога ќе ја удрев без размислување и таа ќе паднеше на земја. Но, никогаш не сум ја претепал“. Во интервју Ајк имал изјавено: „Нема ли жената дел од вината што останала и ми дозволувала да ја удирам?“

Разводот на Тина и Ајк не бил лесен. Кога заминувала, таа имала во себе само 36 центи и само два автомобили кои биле на нејзино име. На суд, таа не побарала ништо од него, но ја добила својата слобода.

Ајк Тарнер почина во 2007 година на 76-годишна возраст. Тој долги години се бореше со зависност од дрога.

Тина Тарнер

„Тој никогаш не ја победи својата зависност од дрога. Неговата несреќа толку многу му тежеше, што на крајот, го уништи. ВО декември 2007 година, кога дознав дека починал од предозирање со кокаин, се почувствував невообичаено исклучена. Беше како да слушам за личност која не ја познавам повеќе“ – рекла таа.

Како соло артист, Тина подоцна изгради блескава музичка кариера. Во 2013 година, таа стапи во брак со Ервин Бах со кого беше во врска 27 години. Таа тврди дека е жива и дека повеќе не е на дијализа, благодарение на него.

Тина Тарнер

Тина страдала од бубрежна болест поради што бубрезите ѝ функционирале само 20%. Нејзиниот сегашен сопруг Едвин Бах ѝ понудил еден од своите бубрези. „Ме шокираше кога ми рече дека сака да ми даде еден од своите бубрези. Тешко ми беше да поверувам тогаш и сè уште има моменти кога не ми се верува. Бев трогната од големината на неговата понуда“ – рекла таа.

Тина Тарнер Тина Тарнер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10402 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.