Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Убавата Мила Кунис во џинс за „Glamour“

ФОТО: Убавата Мила Кунис во џинс за „Glamour“

Мила Кунис изгледа шармантно во новата фотосесија за „Glamour“, во која филмската ѕвезда позира во неколку џинс комбинации. Во интервју за списанието таа зборувала за состанувањето, гласините за врската со Ештон Кучер и промената во изгледот на нејзиното тело.

Мила Кунис

За состанувањето: „ОК сум на личен план. Никогаш не сум се состанувала со некого. Можам искрено да кажам: Не знам како е да се состануваш. Но, како да го направам тоа? Не сум доволно долго во една држава.“

Мила Кунис Мила Кунис

За гласините дека е во врска со Ештон Кучер: „99% од тоа што се пишува во таблоидите е с***е. Тоа е најголемата форма на малтретирање, папараците. Објавувањето на лаги, обвинувањата, тоа е малтретирање.“

Мила Кунис

За тоа дали чувствува притисок да има бебе: „Ова не е вистинското време да имам бебе, но сакам да создадам семејство. Повеќе би сакала да сум заљубена и да имам бебе, отколку да снимам филм.“

Мила Кунис

За слабеењето за „Black Swan“: „Ова е моето нормално тело. Не сум 44 килограми. Господе, веројатно сум 11 килограми потешка со мускулна маса и тежина во моментов. Лудо беше што кога го снимав Black Swan, сите велеа: Боже, навистина си преслаба. Потоа мојата тежина се врати и велат: Таа изгледаше подобро кога имаше анорексичен изглед. Не можеш да ги задоволиш сите! Тоа беше само заради работата.“

Мила Кунис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10288 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.