Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Тина Тарнер и на 73 години изгледа фантастично во Vogue

ФОТО: Тина Тарнер и на 73 години изгледа фантастично во Vogue

Тина Тарнер е највозрасната жена која кога било се има појавено на корица на Vogue. Легендарната 73-годишна пејачка блеска во темносин фустан на Армани на насловната страница на априлското издание на Vogue Германија.

Тина Тарнер

Фотосесијата со енергичната дива е направена од Штефан Индлекофер и Клаудија Кнепфел.

Тарнер долги години живее во Швајцарија и вели дека не може да си замисли подобро место за живеење. „Многу сум среќна во Швајцарија и тука се чувствувам како дома“ – признала таа.

Од фотографиите се гледа дека големата ѕвезда се одржува во одлична форма. „Околностите во кои живеам се совршени. Мојата физичка состојба е добра, што не е големо изненадување бидејќи никогаш не сум се дрогирала и не сум пушела цигари. Физички сум здрава и среќна“ – изјавила за Vogue.

Тина Тарнер Тина Тарнер

Иако ужива додека нејзината музичка кариера е на пауза, Тина вели дека би продолжила да работи доколку в раце ѝ падне добра прилика. Кога била запрашана што ѝ се допаѓа од модерната музика, таа одговорила: „Навистина ми се допаѓа гласот на Ријана и ја сакам Адел. Исто така ми се допаѓа стилот на Бијонсе.“

Тина Тарнер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11124 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.