Софија Вергара го прослави својот 45. роденден со голема забава. Славната актерка ја покажа новата фризура со шишки на фотографиите кои ги сподели од прославата.
Ѕвездата од серијата „Modern Family“ се забавуваше со својот сопруг Џо Манганиело, синот Маноло и бројни гости.
Манганиело преку пост на Instagram ѝ честиташе на својата сакана. „Среќен роденден љубов моја! Ти си мојот живот“ – напиша тој во описот на фотографија од Вергара.