Синди Крафорд е вистинска гламурозна убавица на фотографиите за модниот веб-сајт Fashion Gone Rogue.


Легендарната манекенка позираше за фотографот Ендрју Мекфирсон, во облека од модни куќи како Џорџо Армани, Келвин Клајн и Волфорд и обувки од брендовите Џими Чу и Чезаре Пачоти.



46-годишната топ-моделка, чие лице со години е едно од најпрепознатливите во модната индустрија, изгледа ултра гламурозно со волуменозна рок фризура и беспрекорно нанесена елегантна шминка.


