Синоќа, во Мајами се одржа настанот „Billboard Latin Women in Music“ кој е посветен на успесите на популарните латино музички диви.
Една од нив е Талија Соди. 51-годишната пејачка и актерка, која многумина кај нас ја знаат како Росалинда од мексиканската теленовела, ја имаше честа да ја отвори манифестацијата.
Атрактивната ѕвезда магнетски привлекуваше погледи во три стајлинзи.
Таа зачекори на свеченоста во златна плисирана креација, која ја надополни со долги црни ракавици.











„Сите вие жени кои сте тука, не дозволувајте ништо да ве оддалечи од целта. Не дозволувајте никој да ви ги украде соништата“ – изјави Талија на сцената, каде се појави облечена во црн фустан.




Таа настапи во леопардски стајлинг.


