Талија Соди зачекори во шестата деценија од животот.
Мексиканската актерка и пејачка, кај нас позната по улогата на Росалинда, го прослави својот јубилеен 50-ти роденден.
По тој повод, атрактивната ѕвезда позираше покрај базен за колоритна фотосесија.




Талија постојано е опсипувана со комплименти за младоликиот изглед.
Нејзиниот сопруг, Томи Мотола, ѝ приреди роденденско изненадување со огномети.