Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Талија елегантна во фустан од Мајкл Костело во спотот за „Vuélveme a Querer“

ВИДЕО: Талија елегантна во фустан од Мајкл Костело во спотот за „Vuélveme a Querer“

Талија го објави спотот за својата нова песна „Vuélveme a Querer“.

Во видеото, 44-годишната пејачка и актерка, која кај нас се прослави по улогата во серијата „Росалинда“, е раскошна убавица во фустан од американскиот дизајнер Мајкл Костело. Младоликата Мексиканка полна со емоции ја пее романтичната песна.

„Vuélveme a Querer“ е дел од новиот студиски албум на Талија, „Latina“, кој е на прво место на листата најпродавани латино албуми.

Видео

Талија Талија

Неодамна Талија во живо ја отпеа песната пред своите фанови. За настапот, таа повторно одбра фустан од Костело, кој е меѓу омилените дизајнери на славните ѕвезди.

Пред два месеци, Талија го објави и спотот за „Desde Esa Noche“, за која соработуваше со пејачот Малума. Песната е исто така дел од албумот „Latina“.

Видео

Талија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11104 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.