Ријана го организираше својот трет хуманитарен бал.
Целта на свечениот настан е собирање на средства за „The Clara Lionel Foundation“, фондацијата којашто 29-годишната ѕвезда ја основа во чест на покојната баба Клара и дедо си Лајонел.
Популарната пејачка изгледаше гламурозно во црна креација од високата мода на Ралф и Русо. Во својот стајлинг, таа додаде блескав накит од својата колекција за Шопард.
На свеченоста, Ријана ја доби поддршката од дедо си Лајонел, мајка си Моника, внука си Маџести, како и други членови на нејзиното семејство.