Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Принцезата Шарлот и принцот Џорџ со кралицата Елизабета за нејзиниот 90. роденден

ФОТО: Принцезата Шарлот и принцот Џорџ со кралицата Елизабета за нејзиниот 90. роденден

Кралицата Елизабета II, чие целосно име е Елизабета Александра Мери Виндзор, денес го слави својот 90. роденден.

По повод овој специјален ден, Бакингемската палата на Twitter објави три фотографии од кралицата, направени од реномираната фотографка Ени Либовиц.

По желба на Елизабета II, беше создаден семеен портрет, на кој таа позира со правнуците принцезата Шарлот и принцот Џорџ и уште пет млади членови од британското кралско семејство.

Џејмс Висконт Северн, Лејди Луис Алис Елизабет Мери Маунтбатен Виндзор, Мија Тиндал, Кралицата Елизабета II, принцезата Шарлот, Савана Филипс, прицот Џорџ и Ајла ФилипсОдлево надесно: Џејмс, Висконт Северн, Леди Луиза Алис Елизабет Мери Маунтбатен Виндзор, Миа Тиндал, Кралицата Елизабета II, принцезата Шарлот, Савана Филипс, принцот Џорџ и Ајла Филипс

Шарлот и Џорџ се деца на војвотката Кетрин и принцот Вилијам, внук на Елизабета II и син на принцезата Дијана.

Кралицата Елизабета и внуците

На втората, од серијата фотографии направени во замокот Виндзор, кралицата позира со својата ќерка, принцезата Ана.

Кралицата Елизабета и принцезата Ана

Последната објавена фотографија ја прикажува кралицата со своите четири кучиња.

Кралицата Елизабета со своите кучиња Кралицата Елизабета со своите кучиња

Вчера беше објавен фамилијарен портрет за кој позираа четири генерации од британското кралско семејство. Фотографијата од кралицата Елизабета II, принцот Чарлс, принцот Вилијам и принцот Џорџ била намената за создавање на серија од четири кралски поштенски марки.

Британско кралско семејство

Нејзиното Кралско Височество е најстариот монарх кој најдолго владеел со Обединетото Кралство во историјата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27161 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.