Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Четири генерации заедно: Принцот Џорџ на семеен портрет по повод 90. роденден на кралицата

Четири генерации заедно: Принцот Џорџ на семеен портрет по повод 90. роденден на кралицата

Четири генерации од британското кралско семејство позираа заедно за фамилијарен портрет непосредно пред 90. роденден на кралицата Елизабета II.

На фотографијата објавена на профилот на Кенсингтонската Палата на Twitter, принцовите Џорџ, Вилијам и Чарлс позираат со широка насмевка до најстариот монарх во британската историја – кралицата Елизабета.

Малиот Џорџ е облечен во комплет со кратки панталони од Рејчел Рајли.

Британско кралско семејство

Овој семеен портрет е наменет за серија од четири кралски поштенски марки по повод утрешниот роденден на кралицата. Ликот на 2-годишниот принц Џорџ за првпат се појавува на поштенска марка.

Фотографот Раналд Макешни ја имаше тешката задача да пронајде просторија во која ќе биде направен портретот и да ги постави сите субјекти на речиси иста висина. Поштенските марки нема да се продаваат одделно, туку ќе се купуваат четирите заедно. Тоа е причината што Џорџ е поткачен на четири блока.

Британско кралско семејство

Уште шест други марки беа пуштени во продажба, од кои три се фокусираат на семејниот живот на кралицата.

Британско кралско семејство

Кралицата Елизабета е родена на 21 април 1926 година.

Британско кралско семејство

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.