Принцезата Софија и принцот Карл Филип ги ставија кралските задолженија на пауза за да уживаат во релаксиран одмор со малото синче.
32-годишната избраничка на згодниот шведски принц го истакна трудничкото стомаче во бикини додека се забавуваше и разладуваше со најмилите на плажа во Сен Тропе.
















Семејството беше придружувано од принцезата Меделин и нејзините деца.






38-годишниот принц и Софија стапија во брак во јуни 2015 година, а нивното синче Александар дојде на овој свет на 19 април минатата година. Второто дете на парот треба да се роди во септември.
