Памела Андерсон привлекуваше погледи на синоќешната премиера на нејзиниот документарец во Торонто, Канада.
За прикажувањето на „Pamela, A Love Story“ во нејзината татковина, 55-годишната актерка избра црн припиен фустан кој ѝ ја истакна фигурата. Ѕвездата од „Baywatch“ на настанот беше со синот Брендон, кој е продуцент на документарниот филм за нејзиниот живот.










Во Торонто, Памела ја промовираше и својата нова книга „Love, Pamela“. Стотици обожаватели чекаат на ред за да ја купат книгата и да добијат автограм од авторката.
Брендон е син на Памела од бракот со Томи Ли. Тие заедно имаат уште едно дете.