Секој потег на членовите на британското кралско семејство е будно следен и овековечуван од фотографите.
На настан во Лондон, фоторепортерите успеаја одлично да го уловат моментот кога грофицата Софија изгуби рамнотежа и за малку не падна во скутот на војвотката Кетрин.
На фотографиите од првиот ден од „Ројал Аскот“, Софија при излегувањето од кочијата се засопнува, а војвотката Кетрин веднаш стапува во акција и ѝ помага да остане на нозе. По незгодниот момент, двете претставнички на британското кралско семејство слатко си се насмевнуваат.





За настанот, 35-годишната војвотка избра бел фустан од Александар МекКвин, обувки од Џанвито Роси и чантичка од Лефлер Рандал.

















52-годишната Софија носи зелена крација од Емилија Викстед.
