Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Мултимедијален перформанс на отворањето на „Браќа Манаки“

ФОТО: Мултимедијален перформанс на отворањето на „Браќа Манаки“

Свеченото отворање на 40-тото издание на фестивалот „Браќа Манаки“ беше проследено со мултимедијален перформанс кој спојуваше визуелни проекции, танц, холограми, звук и пеење, користејќи ја музиката од филмот „Среќна Нова '49“ на композиторот Љупчо Константинов, годинешниот добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

„На поетичен начин беше направен визуелно-кинестетички спој на реално присуство на тела во просторот. Како мотив беше земена темата на јубилејното издание на фестивалот 'Браќа Манаки' – етеричното мото 'Kaжи им на облаците' (Tell the Clouds)“ - велат од организаторите.

Мултимедијален перформанс Мултимедијален перформанс

Гледачите имаа можност да почувствуваат дека се дел од таа етерична илузија.

Режијата е на Срѓан Јанакиевиќ, кореографијата ја осмисли Искра Шукарова, зад холограмите стои Јохан Мелин, вокалот е на Стефанија Милевска, а изведувачи се Марија Ристеска, Христина Aнгеловска, Меланија Гоцевска, Ева Џингова, Исидора Китановиќ, Искра Шукарова и Стефанија Милевска.

Костимите се дело на Марија Пупучевска додека сценографијата е на Искра Ветероска.

Фотографиите од настанот ги потпишува Ивона Кочов.

Мултимедијален перформанс Мултимедијален перформанс Мултимедијален перформанс Мултимедијален перформанс Мултимедијален перформанс Мултимедијален перформанс Мултимедијален перформанс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11075 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.