Мила Кунис и Ештон Кучер ги чуваат своите деца под превезот на таинственоста, но понекогаш славниот пар не се крие од љубопитните фоторепортери.
Славните актери беа фотографирани во Будимпешта, додека следеа натпревар за време на Светското првенство во водени спортови на ФИНА.

33-годишната актерка го држеше 7-месечниот Димитри, а 39-годишниот актер и инвеститор ја забавуваше 2-годишната Вајат на трибините.








