Лионел Меси ја поведе аргентинската репрезентација во првата победа во татковината по освојувањето на титулата на СП. На натпреварот, тој го постигна и 800-тиот гол во неговата кариера.
Цел стадион пееше заедно со фудбалерите кои на стадионот во Буенос Аирес ги доведоа и нивните семејства. Меси славеше покрај сопругата Антонела и трите синчиња Тијаго, Матео и Чиро.








„Секогаш сонував за овој момент, за да славам со вас“ – рече емотивниот Меси по натпреварот пред 80.000 фанови.







Антонела секогаш му е огромна поддршка на аргентинскиот фудбалер и никогаш не ги пропушта неговите важни натпревари.


