Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Лејди Гага пристигна на црвениот тепих во јајце

ФОТО: Лејди Гага пристигна на црвениот тепих во јајце

Сите музичките ѕвезди се обидоа да остават впечаток со појавувањето на црвениот тепих, но повторно никој не успеа да добие поголемо внимание од Лејди Гага.

Ексцентричната пејачка се појави во џиновско јајце. Според медиумите, Гага поминала 3 часа во јајцето со боца со кислород за да може да дише.

Лејди Гага

24-годишната Лејди Гага не прозборела на црвениот килим. Во интервју за Рајан Сикрест, нејзината кореографка изјавила: „Таа инкубира. Нема да биде родена до нејзиниот настап на сцена вечерва.“

Лејди Гага Лејди Гага

На сцената Гага се „испили“ од јајцето и ја исполни новата песна „Born This Way“.

Гага овие денови го привлече вниманието и со своите изјави дека пие виски и пуши марихуана за да може да ги пишува своите песни.

„Пијам многу виски и пушам трева кога пишувам. Не го правам тоа често затоа што е лошо за мојот глас“ – изјавила Гага во интервју за шоуто 60 Minutes и објаснила дека не сака да ги поттикнува децата да се дрогираат.

„Не сакам да ги охрабрувам децата да се дрогираат... И не лажам. Не сум лажга. Градам добар однос со моите обожаватели. Тие знаат која сум“ – објаснила таа.

Фустан од месо, џиновско јајце... Што ли е следно?

Лејди Гага на црвениот тепих – видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12023 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.