Криси Тиген и Џон Леџенд ги одведоа децата во парк во Беверли Хилс, а нивните игри беа овековечени од неуморните папараци.
37-годишниот модел и 44-годишниот пејач се забавуваа со Луна, Мајлс и Ести, додека нивниот новороден син Рен не беше со нив. Криси ја роди Ести во јануари годинава, а минатиот месец таа го изненади светот соопштувајќи дека семејството им се прошири со уште едно дете родено од сурогат-мајка.
Во паркот, семејството се забавуваше додека се нишаше на лулашки. На децата им се придружи и Џон.




Криси и Џон се запознаа во 2006 година додека го снимаа спотот за песната „Stereo“. Тие се верија во декември 2011 година, а стапија во брак во 2013 година и имаат четири деца.




