Криси Тиген мамеше погледи на галата Baby2Baby, која се одржа во Лос Анџелес.
33-годишниот модел зачекори на свеченоста во зелена креација со висок шлиц од колекцијата есен/зима 2019 на Жорж Хобеика. Тиген беше придружувана од сопругот Џон Леџенд.
Baby2Baby е организација која цели да им обезбеди на сиромашните семејства производи за хигиена и облека за деца до 12-годишна возраст.