Каролина Гочева и Елена Ристеска уживаат во убавините на Миконос. Македонските музички ѕвезди деновиве споделуваат фотографии од својот престој на идиличниот грчки остров.
Каролина отпатува кај нашиот јужен сосед заедно со вереникот Михаил Корубин, а Елена со своите пријателки, но тие не пропуштија да се дружат за време на одморот.
Убавите пејачки позираа заедно во црни бикини.
Корубин сподели фотографии од авантурите со својата сакана. Се зборува дека нивната свадба ќе биде следниот месец.






