Ирина Шајк и Бредли Купер уживаат на одмор на Тахити. Славниот пар се релаксираше без ќеркичката Леа де Сејн, но во друштво на свои бројни пријатели.
31-годишната Русинка и 42-годишниот актер беа придружувани од дизајнерката Дајен фон Фирстенберг, актерката Алисон Вилијамс со нејзиниот сопруг, водителот Енди Коен и новинарот Андерсон Купер со својот партнер.


Атрактивната манекенка сподели неколку фотографии од тропскиот одмор.
Шајк и Купер станаа родители на 24 март.


