Се ожени помалиот брат на Жерар Пике. 36-годишниот поранешен фудбалер присуствуваше на свадбената прослава заедно со својата девојка Клара Чиа Марти.
Славниот спортист и неговата сакана беа фотографирани додека фатени за раце излегуваа од црква во Шпанија.














На фотографиите се уловени и родителите на Пике.


Жерар и Клара Чиа за првпат беа видени заедно на концерт во август минатата година, кратко време по неговата разделба со Шакира.
Се зборува дека Пике ја изневерувал Шакира со сегашната девојка, но тие информации не се потврдени.
По разделбата, Шакира со нивните два сина се пресели во Мајами.