Жерар Пике и Клара Чиа Марти се редовно следени од шпанските папараци. Овојпат, тие беа уловени на улиците во Барселона, додека се упатуваа на ручек во ресторан.
На фотографиите, 36-годишниот фудбалер и неговата 26-годишна девојка се држат за раце и уживаат во разговорите.













Пике започна врска со Клара по разделбата со Шакира. Раскинувањето на познатиот спортист и славната Колумбијка беше проследено со огромен интерес од јавноста, бидејќи тој беше обвинет за неверство.
