Жерар Пике ја објави првата фотографија со Клара Чиа Марти на социјалните мрежи.
35-годишниот фудбалер, кој се раздели со Шакира во јуни минатата година и за кој се зборува дека ја изневерувал, позираше со 23-годишната девојка. На фотографијата со повеќе од 2,5 милиони допаѓања и двајцата се облечени во црно.

Одлуката јавно да ја објави својата романса доаѓа на две недели по објавувањето на новата песна на Шакира во која таа пее за Пике и Клара. Шакира претходно објави и текст за неверство, кој очигледно беше наменет за него.


Шакира и Пике беа заедно 11 години и имаат два сина – Милан и Саша. Тој излезе во јавност со новата девојка непосредно по разделбата.


