Шакира сè уште ги лекува раните од разделбата со Жерар Пике, со кого беше заедно 11 години.
45-годишната пејачка објави текст за пребродувањето на неверство на првата Нова година по нивното раскинување.

„Дури и ако раните ни се сè уште отворени во оваа нова година, времето има хируршки раце. Дури и ако некој нè повредил, мора да продолжиме да им веруваме на другите. Кога сте соочени со презир, знајте ја вашата вредност. Затоа што има повеќе добри отколку непристојни луѓе. Има повеќе луѓе со емпатија, отколку со рамнодушност. Оние кои нè напуштаат се помалку од оние кои остануваат покрај нас.“
„Нашите солзи не се залудни, тие ја наводнуваат почвата од која ќе никне нашата иднина и нè прават почовечни, за да можеме да продолжиме да сакаме и покрај тоа што страдаме од скршено срце“ - стои во нејзиниот текст.
Шакира и Пике беа заедно од 2011 година и имаат две деца – синовите Милан (9) и Саша (7). Тие објавија дека се разделуваат во јуни минатата година.
Неколку месеци подоцна, Пике беше фотографиран во јавност со новата девојка Клара Чиа Марти.

За Божиќ, Шакира објави фотографија со синовите во пустина. „Овој Божиќ во пустината, во потрага по спокојство“ - напиша таа.
