Тамара Калиниќ пристигна на црвениот тепих на Венецијанскиот филмски фестивал, каде со огромна насмевка позираше како вистинска дива.
Познатата српска блогерка избра гламурозна бела тоалета налик на невестински фустан, дело на луксузниот украински бренд за венчаници и вечерни фустани Milla Nova.
„Година на бели фустани за мене“, напиша таа, потсетувајќи дека токму во светли тоалети се појавуваше на повеќе значајни настани во изминативе месеци и дека се ближи нејзината свадба со вереникот Филипо.
Калиниќ откри дека сама е заслужна за шминката, додека фризурата им ја довери на професионалци. Целиот изглед го заокружи со впечатлив златен накит од Tiffany & Co. и елегантни сандали во иста нијанса од Jimmy Choo.
