Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Македонски филм триумфира во Венеција: „Силјан“ на Тамара Котевска освои врвна награда

Македонски филм триумфира во Венеција: „Силјан“ на Тамара Котевска освои врвна награда

Македонскиот документарец „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои Cinema & Arts Award (Наградата МУЗА) на 82-рото издание на Филмскиот фестивал во Венеција. Филмот триумфираше во конкуренција од 20 наслови и беше прогласен за најинспиративен на Биеналето.

Иако беше вон главната конкуренција за Златен лав, „Силјан“ како спој на фолклор, магија и визуелна сила успеа да се наметне и да го добие едно од најретките признанија.

„Ова е мојот најважен филм досега, затоа што во секоја смисла беше најголемиот предизвик за мене и како режисерка и како продуцентка на документарци. ‘Силјан’ е моја лична приказна, поврзана со моите корени и мојата култура и затоа можев толку искрено да ја преточам во овој храбар и артистички филм“ – изјавила Котевска за време на доделувањето на наградата.

„Силјан“ на Тамара Котевска „Силјан“ на Тамара Котевска

„Врската меѓу Никола и птицата е едноставна и доволно прекрасна за да допре до секого, но ‘Силјан’ носи исто таква забележителна и ненаметлива универзалност каква што имаше и ‘Медена земја’ и тоа на уште подлабок начин“ – пишува официјалниот критичар на Венецијанското биенале за документарцеот кој испиша нова историја во македонскиот филм.

Инспириран од народната приказна за момчето Силјан, кое по кавга со татко му се претвора во штрк и го напушта својот дом, „Силјан“ претставува современа приказна за судбината на Источна Македонија, преку односот на еден земјоделец со бел штрк, како метафора за човечкиот опстанок, нежноста и надежта.

„Силјан“ на Тамара Котевска „Силјан“ на Тамара Котевска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 24%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 30143 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.