Жерар Пике викендов помина квалитетно време со синовите по разгорувањето на шпекулациите дека Шакира има нова љубов во Мајами.
36-годишниот поранешен фудбалер нежно го бакнуваше 8-годишниот Саша додека заедно гледаа фудбалски натпревар во Барселона. 10-годишниот Милан, кој ги следи стапките на татко му, беше на фудбалскиот терен.








Минатата година, Жерар се раздели со Шакира, која им е мајка на момчињата. Тие беа заедно 11 години, но најверојатно таа не беше единствената жена во неговиот живот кон крајот на врската. Во секоја нова песна, Шакира алудира дека била изневерувана од него.
46-годишната пејачка планира да се пресели во Флорида со децата, а според шпанските медиуми, таа веќе има нов партнер.

Пике сега е во врска со Клара Чиа Марти.

