За манифестацијата „Златен глобус“ Ева Лонгорија имаше избрано малку ризична вечерна тоалета со проѕирно здолниште, висок шлиц и длабоко деколте.

Привлечната актерка остави силен впечаток со црната креација на Емилио Пучи, но поради деколтето имаше и мал „разголен“ инцидент.


На црвениот тепих на забавата на „InStyle“ по повод доделувањето на наградите „Златен глобус“, Ева ненамерно ја отскри брадавицата додека се обидуваше да го стави под контрола развеаниот фустан.



Најверојатно незгодата ќе поминеше незабележана ако не беа неуморните фото-репортери.