Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Гвен Стефани во волуменозна креација од Вера Ванг ја прими наградата Модна икона

ФОТО: Гвен Стефани во волуменозна креација од Вера Ванг ја прими наградата Модна икона

Гвен Стефани заслужено ја доби наградата Модна икона на People’s Choice Awards.

На свеченоста во Лос Анџелес, 50-годишната пејачка привлекуваше внимание во волуменозна бела креација со црна панделка на грбот од дизајнерката Вера Ванг и црни чизми над колената. Врз фустанот со црни букви беше напишано „Модна икона“.

Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани

На црвениот тепих, таа зачекори со своето момче Блејк Шелтон, со кого е во врска од 2015 година.

Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани

Гвен е втора личност која досега го има добиено ова признание. Минатата година, таа чест ѝ припадна на Викторија Бекам.

Во својот говор, Гвен рече дека отсекогаш ја сакала модата и дека нејзините мајка и баба шиеле облека. „Моето омилено нешто беше да одам во продавница за материјали со мајка ми и да избирам различни стајлинзи... Ја сакам модата и мислам дека еден од најголемите благослови во целото ова нешто се сите неверојатни, талентирани дизајнери и луѓе кои ме научија на сите работи кои ги знам“ – изјави славната музичка ѕвезда и додаде дека трофејот ќе му го подари на својот 11-годишен син Зума.

Видео

Наградата на Гвен ѝ ја додели дизајнерот Џереми Скот.

Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани Гвен Стефани

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11051 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.