Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО/ВИДЕО: Анџелина Џоли посети сириски бегалци во камп во Јордан

ФОТО/ВИДЕО: Анџелина Џоли посети сириски бегалци во камп во Јордан

Во улога на амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Анџелина Џоли посети камп за бегалци во Јордан.

Холивудската ѕвезда во повеќе наврати се обидува да го привлече вниманието на јавноста и на светските лидери кон оние кои страдаат од долгогодишниот воен конфликт во Сирија.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

За време на својата четврта посета на Јордан, Анџелина изјави: „Тука има деца кои не се сеќаваат на друг живот освен на оваа сурова, пустинска околина и огради со бодликава жица. Тука има тинејџери кои носат ужасни ментални и физички рани од конфликтот. Над половина од бегалците во Јордан се под 18 години. Моите деца се на таа возраст и како и секој друг родител, невозможно е да не си замислам како би било кога моите деца би биле во ваква ситуација и ми се крши срцето.“

Џоли го продолжи говорот обраќајќи им се на светските лидери и барајќи од нив да си го постават фундаменталното прашање за тоа кои се главните причини за конфликтот во Сирија и што е потребно за да се стави крај.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11273 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.