Кендис Сванапул се наближува до денот кога ќе го земе во своите раце второто дете, а во меѓувреме, ужива со пријателите и малиот син.
Убавиот ангел на Victoria’s Secret беше затекнат од папараците на плажа во Еспирито Санто, Бразил. Големото стомаче несомнено укажува дека Јужноафриканка е во напредна бременост.










Повремено Кендис објавува фотографии на Instagram преку кои им дозволува на фановите да ја следат нејзината бременост. На нив, неретко е и нејзиниот син Анака.



Нероденото бебенце се знае дека ќе биде момче. Тоа ќе биде второ дете на Кендис со нејзиниот свршеник Херман Николи.
