По одморот на Ибица, Џорџина Родригез заедно со најстариот син на Кристијано Роналдо се вратија во Мадрид за почетокот на учебната година.
22-годината трудница, која наскоро ќе го роди нејзиното прво дете со славниот фудбалер, беше фотографирана додека го испраќаше на училиште 7-годишниот Кристијано Џуниор.






Се шпекулира дека Џорџина е во седмиот месец од бременоста и дека носи женско бебе. Тоа ќе биде четврто дете на Роналдо, кој има и две мали близначиња родени со помош на сурогат-мајка.




