Блејк Лајвли во секој момент го очекува доаѓањето на овој свет на своето трето дете со Рајан Рејнолдс. Славната актерка беше видена со пораснатото трудничко стомаче за време на прошетка со двете ќеркички Инез и Џејмс во Менхетн.
На фотографиите, харизматичната ѕвезда од серијата „Gossip Girl“ носи фустан со цветови, мантил и шешир, додека слатките девојчиња трчаат околу неа.







И Рајан беше фотографиран со 4-годишната Џејмс во Њујорк.




Блејк откри дека повторно е во блажена состојба за време на премиерата на најновиот филм на нејзиниот сопруг. Парот е во брак од 2012 година.
