Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Бред Пит на 14 години во кошаркарскиот тим на „отфрлените“

ФОТО: Бред Пит на 14 години во кошаркарскиот тим на „отфрлените“

Бред Пит денес е многу успешен во она што го работи. Но, нова фотографија открива дека 48-годишниот актер не бил секогаш на врвот на успехот.

На фотографијата Пит позира со своите соиграчи од кошаркарскиот тим на „отфрлените“. Познатиот холивудски срцекршач и неговите соиграчи формирале свој тим откако не успеале да влезат во тимот на своето училиште во осмо одделение.

Бред ПитБред Пит на 14 години

Покажувајќи смисла за хумор, Бред предложил тимот да го добие името „Cherokee Rejects“, па дури и дресовите им биле со ознаката Rejects (Отфрлените). Тренер на тимот бил таткото на Бред Пет, Бил.

„Ние бевме Cherokee Rejects. Не успеавме да влеземе во кошаркарскиот тим на осмоодделенците, па ние петмината одлучивме да бидеме Cherokee Rejects. Тоа беше идеја на Бред и тој го повика неговиот татко Бил да ни биде тренер. Бред го измисли името Cherokee Rejects“ – изјавил за The Mail Арон Стул, кој исто така бил дел од тимот.

Бред ПитБред Пит со својот кошаркарски тим во 1977 година

„Добивме дури и трофеј, но за жал не можам да се сетам за што беше“ – дополнил тој.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12013 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.