Скот Иствуд е ѕвездата од новото издание на списанието „Treats“. 28-годишниот син на Клинт Иствуд позираше заедно со моделот Дени Сајц пред објективот на Стив Шо.
Атрактивниот пар шармираше во креации од модни куќи како Хуго Бос, Армани, Прада и Келвин Клајн. За стилскиот избор била ангажирана Џин Јанг.



Во интервјуто за списанието Скот зборувал за актерството. „Не влегов во филмскиот свет за да бидам познат. Пораснав со љубов кон работата на татко ми, сакајќи ги филмовите и раскажувањето на приказни и сакав да бидам дел од тоа. Да им влијаам на луѓето, без разлика дали тие се смеат или плачат. Филмот би требало да поттикне некаква реакција. Тоа е уметност, нели?“ – рекол згодниот актер.





Скот ја доби главната улога во филмот „The Longest Ride“, снимен според истоимениот роман на Николас Спаркс.