Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Татко и син: Клинт и Скот Иствуд во заедничка фотосесија за „Esquire“

Татко и син: Клинт и Скот Иствуд во заедничка фотосесија за „Esquire“

Холивудски заводници од различни генерации. Клинт и Скот Иствуд ја делат љубовта кон актерството и желбата за холивудски успеси.

Дуото татко-син позираше за најновото издание на машкото списание „Esquire“, потсетувајќи ги припадничките на понежниот пол на шармот кој очигледно се пренесува од колено на колено.

Клинт и Скот Иствуд Клинт и Скот Иствуд

Во рамките на интервјуто, Клинт беше запрашан што го советува Скот кога работат на филм во негова режија. „Па, досега немаме направено голем проект со него. Но, веројатно наскоро ќе го молам за тоа. Секогаш доаѓа и добро си ја завршува работата. Сега премина на подобри улоги и девојките викаат и прашуваат каде е Скот. Порано прашуваа каде сум јас“ – рекол низ насмевка 86-годишниот актер.

Клинт и Скот Иствуд Клинт и Скот Иствуд Клинт и Скот Иствуд Клинт и Скот Иствуд

За следниот месец се закажани премиерите на филмовите „Sully“ режиран од Клинт и „Snowden“ во кој Скот има споредна улога.

Трејлер за Snowden

Трејлер за Sully

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12019 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.