Денеска е први септември - првиот училишен ден, ден кој носи радост, возбуда и нови почетоци за сите ученици. Особено е посебен за првачињата, оние кои за првпат седнуваат во училишните клупи и почнуваат едно ново поглавје во животот.
Ова е исто толку убав и емотивен ден и за гордите родители кои со солзи радосници во очите ги испраќаат своите најмили во училишните клупи.
Меѓу нив се и неколку познати личности од македонската јавна сцена, кои горди на своите дечиња, споделија фотографии на социјалните мрежи.
Имено, моделот Катарина Ивановска има прваче, а тоа е ќерката Кира.

Актерот Атанас Атанасовски и неговата сопруга Александра ги испратија ќерката и синот на првиот училишен ден.

Македонската „јутуберска“ двојка Тапшанов го испрати синчето на училиште за прв пат.

И синот Лука на пејачот Јоце Панов е прваче.

Хип-хоп артистот Тони Зен покажа фотографии од првиот училишен ден на синот Јасен.

Пејачката Тамара Тодевска ги испрати Хана и Дарен на училиште и им посака успешна учебна година.
