Катарина Ивановска овој октомври ќе го памети и по романтично патување во Атина, Грција.
Македонскиот топ модел на својот профил на Instagram сподели низа фотографии од локациите кои ги посети во друштво на Стефан Ханџиски.
37-годишната манекенка со светска кариера во шик комбинации уживаше со саканиот низ грчката метропола и се насладуваше на гурмански специјалитети.
Катарина и Стефан се во врска околу две години.
