Маја Миладиновиќ стана хероина во Србија откако спаси новороденче фрлено во кеса покрај контејнер во Земун.
Со помош на новинарите на „Informer“, 51-годишната жена се сретна со таткото на бебето кој потресен и со солзи во очите ја прегрна и ѝ се заблагодари што ја спаси неговата ќерка од сигурна смрт.
„Би сакал да ви се заблагодарам што го спасивте моето мало девојче. Ви благодарам од срце. Да не бевте вие, таа не би преживеала. Многу ви благодарам, му благодарам на Бог што ве испрати“ – рече низ плач таткото Саша.
„Се надевам дека ќе се грижите за неа. Гледам дека сте татко на место и дека ќе има убава иднина. Сакајте ја и чувајте ја, а на мајката опростете ѝ“ – му рече Маја.


Саша објасни дека неговата 19-годишна сопруга Александра била многу добра мајка, дека имаат уште две други деца и дека не знае зошто постапила на овој начин.
„Мајка ѝ беше една прекрасна личност и секогаш беше добра мајка. Таа е многу емотивна личност. Можеби ѝ се случи таа постпородилна депресија. Никогаш во животот не би ја повредила, не знам што ѝ се случи, но се надевам дека ќе поразговарам со неа“ – рекол тој.
Миладиновиќ го спасила бебенцето пред неколку дена кога шетала со своето куче и слушнала необичен звук. Љубителката на животни мислела дека станува збор за фрлени мачиња или кучиња, па прескокнала ограда и дошла до кесата од која се слушал звукот.
Се шокирала кога видела дека таму има новороденче завиткано во пешкир, бледо и со отежнато дишење.
Маја веднаш реагирала, ги известила надлежните служби и бебето било итно пренесено во Земунската болница. Лекарите потврдиле дека здравствената состојба на бебето е стабилна.
@telegrafrs Danas je u Zemunu pored jednog kontejnera pronađena beba devojčica stara oko sedam dana, a za njeno spasavanje zaslužna je Maja Miladinović bez koje je istinski upitno da li bi novorođenče bilo nađeno #srbija #tiktoksrbija #telegrafrs #telegraftv ♬ original sound - telegrafrs
Хероината од Земун, која нема свои деца, изјавила дека сака да го посвои девојчето кое го спаси.
Подоцна, за „Informer“, Саша објасни што му претходело на инцидентот:
„Лежевме во куќата, децата си играа, а јас заспав. Инаку, таа е добра, мила личност, навистина прекрасна. Се скаравме затоа што мојата ќеркичка Маша ја извади заштитната коцка од штекерот. Таа веднаш ѝ ја зеде од рака и го тргна детето, за да не ги стави рацете во струјата. Јас ѝ реков: ‘Љубов, те молам, внимавај повеќе на детето додека јас спијам’. Таа ми одговори дека и јас треба да ѝ помагам“ — раскажал Саша.
„Ѝ реков ОК, но дека додека спијам, сепак таа треба повеќе да внимава. Се скаравме, двајцата се исплашивме заради детето. Тоа помина, но ние продолживме да се расправаме“ – додал тој.
„Пресреќен бев кога се роди. А кога полицајците ми покажаа дека беше покрај кантите, започнав да се тресам, не ми беше сеедно. Не ни дозволија да разговараме, само ме погледна, виде како плачам и ја спушти главата... Не знам што се случи, таа е инаку добра личност и грижлива мајка. Можеби западна во таа постпородилна депресија. Кога полицајците ја прашаа дали е свесна што направи, таа им рече дека не е. Можеби беше во шок“ — рекол тој.
Мајката на бебето, Александра, е уапсена и се товари за кривично дело обид за убиство. Другите две деца се одземени од семејството – едното е во болница, а другото во Центарот за заштита на деца и млади „Звечанска“.
ФОТО: Instagram / Novi Život