Принцезата Кетрин и принцот Вилијам им се вратија на кралските должности по одморот на јахта во Грција.
43-годишната припадничка на британското семејство привлекуваше внимание со новата посветла и подолга коса. Кралскиот пар беше во посета на Природнонаучниот музеј во Лондон, во којшто учеше и самата Кетрин.
Во коментарите на социјалните мрежи, многумина изразија сомневања дека Кетрин носи перика, но дека и покрај тоа изгледа прекрасно.
Популарната принцеза на Велс изгледаше деловно во блејзер од Ралф Лорен кој го надополни со бела кошула, темнозелени панталони и кафеави обувки.
За време на нејзината борба со ракот и хемотерапиите, Кетрин наоѓала утеха токму во природата. Нејзе ѝ беше дијагностициран рак минатата година, а пред неколку месеци изјави:
„Во текот на изминатата година, природата беше мое прибежиште. Способноста на природниот свет да нè инспирира, да нè негува и да ни помогне да заздравиме и да растеме е безгранична и тоа се знае со генерации. “
Кетрин и Вилијам летово пловеа низ грчките острови со својата суперјахта.
