Септември пристигнува како месец на судбински промени и космички предизвици. Сатурн ретрограден од 1 септември ќе нè натера да расчистиме со стари емотивни товари и да ги видиме сопствените слабости во ново светло.
Ни претстојат две еклипси. Целосното затемнување на Месечината на 7 септември ќе осветли што треба да завршиме и од што треба да се ослободиме, па многу вистини ќе излезат на површина и ќе нè натераат да гледаме подлабоко во себе. Делумното затемнување на Сонцето на 21 септември ќе отвори врата кон нови почетоци, здрави навики и подобро организиран живот.
Во меѓувреме, Меркур од 18 септември ќе донесе искрени дијалози и љубовни признанија, додека Венера во Девица на 19 септември ќе нè научи дека вистинската нежност се крие во деталите и во секојдневните гестови.
Најголемиот пресврт доаѓа на 22 септември, кога Марс ќе премине во Шкорпија, палејќи пламен на страст, решителност и трансформација, а Сонцето ќе влезе во Вага, носејќи нова сезона на љубов, баланс и партнерства.
Ѕвездите нè поттикнуваат на храброст, искреност и големи чекори кои ќе ни го променат патот.
Најсреќни ќе бидат ДЕВИЦИТЕ и ВАГИТЕ.
Датум | Случување |
1 септември | ♄ Сатурн со ретроградно движење влегува во Риби |
2 септември | ☿ Меркур влегува во Девица |
6 септември | ♅ Уран преминува во ретроградно движење во Близнаци |
7 септември | ☽ Настапува полна месечина во Риби (целосно затемнување на Месечината) |
18 септември | ☿ Меркур влегува во Вага |
19 септември | ♀ Венера влегува во Девица |
21 септември | ☽ Настапува млада месечина во Девица (делумно затемнување на Сонцето) |
22 септември | ♂ Марс влегува во Шкорпија |
22 септември | ☉ Сонцето влегува во Вага |
Табела: најважните датуми за месец септември и движењето на небесните тела
Кликнете на вашиот хороскопски знак и дознајте како планетите ќе влијаат на вас овој месец: