Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџелина Џоли и Бред Пит блескаа на „Златен глобус 2012“

ФОТО: Анџелина Џоли и Бред Пит блескаа на „Златен глобус 2012“

Анџелина Џоли и Бред Пит изгледаа како совршен гламурозен пар на црвениот тепих пред доделувањето на наградите „Златен глобус“.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Џоли носеше млечно кремова сатенска тоалета од „Atelier Versace“ со впечатлив црвен акцент, кој беше во тон со нејзината мала чантичка. Прекрасната 36-годишна актерка го комплетира својот префинет изглед со обетки и прстен од „Lorraine Schwartz“.

Анџелина Џоли и Бред Пит Анџелина Џоли и Бред Пит

Бред Пит носеше костум на „Salvatore Ferragamo“. 48-годишниот актер на црвениот тепих се појави со бастун поради неодамнешна повреда на ногата.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли
Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Двајцата беа номинирани за освојување на Златен глобус. Анџелина за филмот „In The Land Of Blood And Honey“ беше номинирана во категоријата Најдобар филм на странски јазик, а Бред Пит беше номиниран за Најдобар актер во драма за филмот „Moneyball“.

Анџелина Џоли и Бред Пит

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.