Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Анџелина Џоли дама во црно на мировниот самит на ОН во Лондон

ФОТО: Анџелина Џоли дама во црно на мировниот самит на ОН во Лондон

Анџелина Џоли отпатува во Лондон каде присуствуваше на Министерскиот мировен состанок на Обединетите Нации. Познатата актерка, како специјален претставник на ОН, одржа говор со кој се залага да се зголеми бројот на женски воени лица и елиминирање на случаите на сексуално злоупотребување на жени и деца во мировните операции ширум светот.

41-годишната сопруга на Бред Пит изгледаше елегантно во црн фустан со пеплум и бежови обувки.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли

„Им оддавам почит на мажите и жените кои служат за нивната посветеност и пожртвуваност“ – изјави Џоли. „Сите знаеме дека кредибилитетот на мировните мисии на ОН за жал е оштетен од неколку нетолерантни случаи на сексуално експлоатирање на жени и деца од истите луѓе кои се задолжени да ги заштитат. Мировните сили можат да ја добијат и да ја задржат довербата на локалните населенија, само ако се способни да соработуваат со жените, исто како што соработуваат со мажите во таа заедница“ – додаде таа.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

Џоли првпат стана дел од Обединетите нации во 2001 година кога беше именувана за амбасадор на добрата волја. Единаесет години подоцна таа стана амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) и оттогаш има посетено многубројни кампови за бегалци во земји како Ирак, Јордан, Либан и Сирија.

На средбата присуствувале министри за одбрана и претставници на околу 80 земји ширум светот.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли Анџелина Џоли

ВИДЕО:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11716 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.